29 Ноември, 2021
0.0227

ПАТНИЦИТЕ ПОЧИНАЛЕ ОД ЗАДУШУВАЊЕ: Вдишувале саѓи-покажува аутопсијата на изгорените тела

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2021

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната служба за безбедност, Борислав Сарафов, утринава на прес конференција изнесе нови детали за големата трагедија што се случи пред два дена на автопатот Струма во Бугарија, при што во запален автобус загинаа повеќе од 40 луѓе од Македонија.

-Во медиумите кружат апсолутни шпекулативни информации за автобуската несреќа. Се појавуваат очевидци, а ги нема. Сослушани се двајца од патниците во автобусот кои во моментот на несреќата биле будни. Нивното сведочење е крајно објективно. Аутопсиите покажуваат дека сите починале од задушување, вдишувале саѓи, што значи дека биле живи и починале од пожарот, немало експлозија, имало само интензивно горење, изјави Сарафов, пренесува агенцијата БГНЕС.

Истовремено, бугарските истражители ги отфрлаат верзиите за транспорт на туби за гориво, како и дека станува збор за терористички акт.

Верзијата за терористички акт е професионално истражена од наша страна. Категорично го отфрламе, не е терористички чин, додаде Сарафов, прецизирајќи дека работата на истражителите претпоставува да се истражи и оваа верзија. Распитите продолжуваат, увидите продолжуваат. Автобусот ќе биде прегледан од сообраќајни инспектори, изјави заменик-јавниот обвинител.

Тој најави дека во моментов водечка и главна верзија е онаа за човечка грешка.


Можеби ќе ве интересира

Беким Хаџиу за БНТ: Си реков: зошто и јас не бев во тој автобус, да умрам и јас

Беким Хаџиу за БНТ: Си реков: зошто и јас не бев во тој автобус, да умрам и јас

Заев - Гаши: Постигната начелна согласност за програмските аспекти од можната соработка

Заев - Гаши: Постигната начелна согласност за програмските аспекти од можната соработка

Русковска вели дека и сопственикот на Беса Транс возел еден од автобусите

Русковска вели дека и сопственикот на Беса Транс возел еден од автобусите

Нов циклус обуки од Мотива Центарот за менаџмент образование и обука во проект поддржан од Фонд за иновации и технолошки развој

Нов циклус обуки од Мотива Центарот за менаџмент образование и обука во проект поддржан од Фонд за иновации и технолошки развој

Таравари: СДСМ е нестабилна поради фракциите во неа, но има и неисполнети ветувања

Таравари: СДСМ е нестабилна поради фракциите во неа, но има и неисполнети ветувања

ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ИЗДРЖАТ СО РАБОТНИЦИ НОН СТОП БОЛНИ И ОТСУТНИ - Комората бара државата да обезбеди скрининг преку евтини тестови

ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ИЗДРЖАТ СО РАБОТНИЦИ НОН СТОП БОЛНИ И ОТСУТНИ - Комората бара државата да обезбеди скрининг преку евтини тестови

Објавиле видеа со лажни закани за терористички напад во Скопје, полицијата ги уапси

Објавиле видеа со лажни закани за терористички напад во Скопје, полицијата ги уапси

БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД КОМПЛИКАЦИИ И ДЕНЕСКА ПОВТОРНО ВИСОК: 18 Пациенти починаа, 118 се новозаразени

БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД КОМПЛИКАЦИИ И ДЕНЕСКА ПОВТОРНО ВИСОК: 18 Пациенти починаа, 118 се новозаразени

Гаши пред средбата со Заев: Не сакаме избори до 2024, министерствата не се приоритет

Гаши пред средбата со Заев: Не сакаме избори до 2024, министерствата не се приоритет