ПАТОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО: Како стигнавме дотука?
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2019
Tочно четвртина век, патот на Македонија кон НАТО продолжува. Во 1993 година, Парламентот донесе одлука дека земјата бара членство.
Неофицијално, патот кон НАТО започна две години порано - во 1991 година, кога универзитетскиот предавач Нано Ружин го основал НАТО-клубот. Сето тоа започнува со состанокот на евро-атлантисти во Анталија, каде што се среќава со Соломон Паси.
„Секој после тоа си тргна по својот пат. Сепак, продолживме со нашите амбиции, а целиот Западен Балкан беше во рамките на евроатланската интеграција“, кажува Нано Ружин, поранешен амбасадор на Република Македонија во НАТО.Во зората на новата Република Македонија, политичката класа нема јасна визија. Неколку луѓе од десницата имаат идеја за членство, а левичарите на чело со претседателот Киро Глигоров ја поддржуваат идејата за неутралност.
Но, тогаш доаѓа 2001 година, обележана со воена судир меѓу етничките Албанци и македонските безбедносни сили.
„Кризата смени сè и начинот на размислување, а за жал го узурпира нашиот статус како земја која се стреми кон членство во НАТО, бидејќи државата која има мировни сили на нејзина територија не може истовремено да бара членство во НАТО“, објаснува Нано Ружин .
„Во 2004 година, САД и Канада нè признаа со уставното име, а Атина ја запали црвената светилка и рече: „Стоп! “.
Години наназад земјата стагнира додека власта е под палка на екс премиерот и актуелен бегалец Груевски, а уште со доаѓањето на власт на премиерот Зоран Заев се менува правецот“, коментира Ружин. „Договорот за соседство со Бугарија беше вовед во ова, и тој му даде на Заев нова енергија“.
Дури и денес, Македонците остануваат поделени - некои го одобруваат членството во НАТО, други не.
Македонската армија брои над 10.000 луѓе, копнените сили се најбројни, нема воздухопловство.
„Македонија како територија е интересна од геополитички аспект, прво затоа затвора колона од земјите-членки на НАТО и се става крај на прекината нишка која се добиваше од Албанија до Грција и Бугарија. Со членството на Македонија веќе имаме една нова членка која е многу важна во целиот мозаик“, коментира Ружин, пренесува бугарската Нова.