30 Април, 2024
0.0243

Патување со малку пари - совети од човек кој го видел светот

Објавено во: Стил 02 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Во април Хендрик Џепенсен беше прогласен за најмладиот човек кој патувал низ 196 земји. 

Тој советува како може да се патува, а тоа да не чини прескапо. 

Дури и да ни се чини дека одредена дестинација во странство е невозможна за нашиот џеб, тоа не треба да ве одбива да ја посетите, го сподели тој своето искуство за „Индипендент".

Користете ги сајтовите каде луѓе нудат сместување за странци, но пред тоа прочитајте ги коментарите, вели тој. 

Овој вид туризам станува многу популарен.

Друга алтернатива е Airbnb. Платформата исто така, обезбедува различни опции за ноќевање, но без да делите просторијата со друг. Цените варираат според барањата на туристот.

Користете евтини авиокомпании и следете кога има промоции. 

Луксузните и модерни ресторани со префинети јадења се нешто атрактивно, но не се препорачуваат за луѓе со мал буџет. Хендрик коментира дека купување на храна од супермаркет не е толку лоша идеја, а на многу места менито може да излезе за помалку од долар.