09 Мај, 2024
0.0246

Пеце Грујовски: К-15 за администрацијата ќе биде најмалку 9.000 денари

Објавено во: Економија 06 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Пеце Грујовски, првиот човек на УПОЗ, со кого денеска министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски треба да потпише грански колективен договор за изплата на К-15, вели дека регресот за вработените во дрќавната управа ќе изнесува најмалку 9.000 денари.

– Се договоривме за фиксен износ на К-15. Најмалиот износ што мора да се исплати е 9.000 денари. Но, износот може да биде поголем, како што веќе се прави во некои општини. Односно, со колективен договор на ниво на работодавач може да се договори и поголем износ, но не помал. Гранскиот колективен договор е со важност од две години, но секако, во меѓувреме со анекс може да се извршат какви било интервенции во него, па и во однос на износот на К-15, доколку, на пример, се случи некој голем раст на трошоците на живот – вели Грујовски.

Исплатата ќе мора да биде задолжителна до 31 декември 2020, а дополнително се враќаат и дневниците, кои според Грујовски нема да видат високи како пред нивното укинување во 2008 поради глобалната финансиска криза.

– За патување во земјата до 12 часа дневницата е 350 денари, за патување подолго од 12 часа, дневницата е 700 денари. Овие дневници се да ги надоместат трошоците на работниците што одат на пат. Дополнително се покрива бензинот и сместувањето на вработениот. Што се однесува до дневници за патување во странство, тие се одредени во колективен договор на работодавачот или во посебна одлука, но не може да бидат помали од Уредбата за издатоци за службени патувања и селење во странство, при што  поодделно е одреден износот за секоја земја. На пример, дневница за патување во Србија е 82 евра, а ако е обезбедена храната и сместувањето се добиваат 20 отсто од оваа дневница – објаснува Грујовски.

Ќе има и подолги платена отсуства за  склучен брак, за раѓање и за посвојување деца, а за членовите на Синдикатот е издејствувано тие да имаат и по еден дополнителен ден.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување