Пендаровски го потпиша указот за ковид-амнестија
Објавено во: Македонија 23 Март, 2023
Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој нема да се казнат граѓаните кои треба да отслужат казна затвор и не можат да ја платата санкцијата за непочитување на ковид-прописите.
Лицата чија парична казна изнесува над 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор, ќе добијат условна осуда од три години, додека оние лица што чија парична казна изнесува до 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор ќе добијат условна осуда од две години, рок во кој не смеат да сторат ново кривично дело.
До крајот на јуни 2022 осудени беа 1.223 лица со парична казна од 2.000 евра. Во меѓувреме 280 лица меѓу нив не ја платија казната и истата им беше заменета со затворска. По истите овие решенија издадени се 205 упатни акти за издржување на казна затвор.
За правните лица нема да има амнестија, според законските измени.