03 Мај, 2024
0.0538

Пендаровски: Познато е за што не преговараме, тоа е идентитетскиот комплекс

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Португалското претседателство очекува до 22 јуни, кога треба да се одржи и Советот за општи работи на ЕУ, Бугарија да ја одобри преговарачката рамка за Северна Македонија, изјави претседателот Стево Пендаровски, во вечерашното интервју за „360 степени” на Алсат М.

Инаку. шефот на државата вчера се сретна со шефот на дипломатијата на Португалија Аугусто Сaнтош Силва. 

Според Пендаровски, португалското претседателство понудило иницијален сет на идеи во кој се уфрлени неколку работи од спорните точки меѓу Северна Македонија и Бугарија.

„Никој не очекува дека ќе се решат спорните прашања за недела или две, дури ни португалското претседателство кое се приближува кон крајот на нивното претседавање. Министерот Силва денеска рече дека во Софија ги слушнал нивните загрижености и доаѓа во Скопје за да ги слушне и нашите размислувања за неколку критични точки. Бидејќи како и Бугарите, така и ние рековме дека за некои работи не можеме да разговараме, за некои ќе разговараме. За тоа што нема да преговараме е познато, тоа е таканаречениот идентитетски комплекс“, изјави Пендаровски.

Според шефот на државата, Силва побарал од македонското раководство да се кажат точните формулации за критичните точки, односно да се формулираат националните интереси.

„Силва рече дека до 22 јуни кога треба да се одржи европскиот совет, до тој момент, ќе очекуваат од бугарската страна да каже ‚да' за преговарачката рамка. На тој совет присуствуваат само земјите-членки на ЕУ, затоа, португалското претседателство очекува дотогаш Бугарија да каже ‚да' за преговарачката рамка, но и да каже мислење за иницијалниот сет на идеи. Доколку, Бугарија каже нешто или имаат барање за некаква модификација во тој сет на идеи, ќе нè информираат и ќе разговараме, тоа е прифатливо и за нашата страна“, рече претседателот Стево Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра