29 Април, 2024
0.0276

Пендаровски: Следната власт веднаш да започне со прочистувањето

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, во своето прво обраќање пред пратениците во Собранието како шеф на државата порача дека врв на лошите состојби во правосудниот систем е аферата „Рекет“, но и дека следната власт по парламентарните избори, покрај во правосудниот, треба да спроведе и прочистување кај политичарите.

„Еден факт не зборува добро за отпорноста на нашиот правосуден систем од надворешни влијанија – безмалку три децении сме независна држава, а, ниту еден висок политичар или преку ноќ збогатен бизнисмен нема завршено зад решетки, а таму требаше да завршат многу повеќе од еден. Општа е перцепцијата кај граѓаните дека само сиромашните, и луѓето на маргини, без релација со некоја власт одговараат дури и за багателни кривични дела. Затоа и не треба да не чуди што голем дел од младите луѓе ги воспитуваат тн. реални шоуа, а нивните идоли не се чесните луѓе - домаќини, со образ и личен интегритет, туку, типови од криминалниот полусвет“, нагласи Претседателот, порачувајќи и на следната власт, веднаш по изборите да спроведе прочистување и кај судиите и кај обвинителите, но, најпрво, кај политичарите. За секого за кого нема логично образложение како со државна плата станал милионер треба веднаш да следи не оставка, туку кривична постапка“, рече тој.

Претседателот Пендаровски ги нагласи и храбрите политички чекори на актуелната власт, која ги затвори политичките спорови со историска димензија со Бугарија и Грција.

„Тоа можеа да го направат само политичари со визија и, тука, мислам на најодговорните во сите три држави во тие моменти. Вредноста на двата договори е што направивме компромис за да ја отвориме вратата на евроатлантските интеграции како предуслов за нашиот напредок, но, при тоа, не го компромитиравме најбитно за нас – идентитетот кој сега има и меѓународна верификација. Точно е дека во имплементацијата на договорот за добрососедство со Република Бугарија во последниве месеци е видливо забавување во работата на заедничката комисија составена од историчари. Во таа смисла, ние сме апсолутно подготвени да ги соочиме аргументите за одредени историски контроверзи поврзани со различните толкувања на еден ист настан или личност, исто така сме подготвени, за заеднички напори насочени кон деидеологизација на историјата, меѓутоа, правото да се идентификуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик било и ќе  биде надвор од било каква дебата, бидејќи тоа се одамна завршени историски процеси“, истакна Пендаровски.

Во контекст на актуелните регионални иницијативи, претседателот Пендаровски истакна дека тие во ниту еден случај не треба да бидат разбрани како замена за европските интеграции, туку само како инструмент за наше побрзо интегрирање во Европа.

Во своето обраќање, претседателот посочи и на сериозната опасност за нашата сегашност и иднина, а тоа  е загадувањето на животната средина. Предложи тоа прашање да се извади од дневната политика и да се донесе натпартиска државна стратегија за ублажување на негативните ефекти од оваа појава која сериозно ги нарушува потенцијалите на нацијата.

Претседателот ги повика релевантните политички субјекти, да седнат заедно и да донесат натпартиска стратегија, барем за ублажување на последиците од голготата на со иселувањето.

„При тоа, не како политичари, туку како обични луѓе, ние мора да се согласиме дека ако макар само еден единствен млад човек ја напушти државата, заради нашите политики, тоа не е трагедија само за неговото семејство, туку, објективно и за сите нас“, наведе Пендаровски.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце