Пендаровски тврди дека го следеле странски служби
Објавено во: Македонија 07 Март, 2019
За 10 дена неколку пати се објавуваат фотографии од тоа каде се движам, вели Стево Пендаровски, консензуален кандидат за претседател на владејачката структура во интервју за 1 ТВ.
„Ова е само сигнал, насоката во која ќе се движи кампањата за претседател, само што ќе биде уште повалкана. Мене не ми се блиски подземни кампањи, јас ќе одговорам со аргументи и јавно. Остатоците од режимот не смеат да бидат толерирани, тоа е работа на институциите од оваа власт“ – вели тој.
Пендаровски рече дека пред пет години, во време на режим, врз него немало физичко следење, а телефоните му биле прислушувани четири години.