03 Мај, 2024
0.0283

Пендаровски во интервју за српска Политика го нападна Иванов

Објавено во: Македонија 19 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателскиот кандидат,  Стево Пендаровски вели дека актуелниот шеф на државата, Ѓорѓе Иванов работел против интересите на државата. 

Пендаровски тоа го поткрепува со фактот дека во првите осум години бил апсолутно нем на крупните злоупотреби на Владата на поранешниот премиер,  Никола Груевски.

„Не можете да најдете ниедна негова изјава во која критикува проект или потег на владата на Груевски, кој, пак, ја донесе Македонија на статусот на заробена држава, што е потврдено со извештајот на Европска комисија од 2016 година. Во последните две години од својот мандат доста е гласен во критика кон владата на Зоран Заев. Претходно одби да му даде мандат за составување на владата, иако Заев имаше обезбедено чисто мнозинство во парламентот. Потоа ги амнестираш најголемите криминалци од врвот на претходната власт, користеше апсолутно вето, на што, според Уставот, немаше право, за на крај да одбие да прифати уставни промени и ново име на земјата  – изјави Пендаровски за „Политика“.

Toj во интервјуто додава дека има поддршка од Македонците, Србите, и Албанците, но и од другите националности кои живеат во земјава. 

За односите меѓу Македонија и Србија, вели дека отворени прашања нема, но има простор за унапредување на економската соработка. 

Пендаровски е оптимист дека тоа ќе се направи, затоа што целта е сите да живеат подобро. 

Можеби ќе ве интересира

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ