04 Мај, 2024
0.0258

Пет компании добитници на средства на јавниот повик ,,О2 Предизвик’’

Објавено во: Мои пари 25 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Избрани се петте иновативни компании што понудија технолошки решенија за намалување на загадувањето на воздухот во урбаните средини во Македонија кои аплицираа на јавниот повик ,,О2 Предизвик’’ од Фондот за иновации и технолошки развој.


Десет македонски компании што ја поминаа фазата на предселекцијата на јавниот повик за намалување на загадувањето во урбаните средини „О2 предизвик“, вчера во „Јавна соба“, јавно ги преставија нивните проекти пред стручна комисија. Презентираните проекти се однесуваа на трите области дефинирани во повикот како, користење на енергија за греење, транспорт и мобилност и градежништво и урбани алтернативи. А од нив комисијата за најдобри ги избра:


  • Еко Солар од Штип - наградена за нејзиното технолошко решение за изработка на соларен воздушен колектор со ротирачки келии кој го загрева воздухот со помош на сончева енергија и помага за догревање на просториите. Колекторот би служел како дополнување на постоечкиот ситем за греење. За ова решение тие побараа 1.722,753 илади денари.
  • Бизифај од Битола која ќе изработи течност од веќе постоечки полимери која има способност да ги апсорбира штетните ПМ 2,5 и ПМ 10 честитчки. Оваа течност ќе се користи за прскање на градежни површини и патишта. Буџетот за развој на овој производ е 1.890,000 денари.
  • Технолоџи парк од Тетово е добитник на средства за изработка на бизнис модел за инвестиции за замена на стари грејни системи во домаќинствата со нови. За таа цел, технолошкиот парк побара 1.492,804 илјади денари.
  • Технобен Нова од Прилеп ќе биде субвенционирана за изработка на плочест топлиноразменувач со вграден Вентури апарат како интегрирана целина за прочистување на гасовите што се испуштаат од одредени индустриски објекти. За да го произведе тој уред, оваа фирма има потреба од 1.929,150 илјади денари.
  • Венито Комерц од Кавадарци ќе биде поддржана за да развие електричен велосипед кој ќе биде приспособен за користење во градски средини, со вградени филтри за прочистување на воздухот, а истовремено фирмата ќе работи и на развивање на посебни станици за полнење на батериите во велосипедот. За да го развие овој проект, компанијата побара 1.683,430 илјади денари.


Бидејќи побараните средства од страна на селектираните фирми го надминуваат вкупниот буџет предвиден од Фондот за овој повик за 50%, во тек се поединечни преговори со претставници на компаниите, а со цел прецизно утврдување на учеството на Фондот во финансирањето. Разликата од планираните и средствата што ќе се доделат ќе се покрие со дополнителни средства од Фондот.

Јавниот повик, што беше распишан на крајот на октомври 2017 година и траеше 25 дена, беше спроведен од страна на ФИТР, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, како и претставници на невладиниот сектор во областа и Град Скопје. 


Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото