29 Април, 2024
0.0325

ПЕТКОВ СЕ ОГЛАСИ, АМА НЕ ОБЈАСНИ ЗА ФОТКАТА: Нема да подлегнеме на провокации

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Откако беше објавена фотографија на која бугарскиот премиер Кирил Петков изгледа дека го исекол од заедничка фотографија македонскиот премиер Димитар Ковачевски пред малку со своја објава на фејсбук реагираше токму Петков. Тој сподели нова фотографија на која се ракува со Ковачевски а со неа сподели и коментар со кој вели дека немало да подлегнат на провокации. 

Замислете како граѓаните на Република Бугарија и Република Северна Македонија уживаат меѓусебно почитување, почитување на нивните права и просперитет. Двете земји активно промовираат развој на заеднички компании кои создаваат голема додадена вредност заедно, замислете како имаме растечки економии, да имаме заеднички детски кампови, да имаме заеднички концерти, да имаме заеднички образовни програми, да немаме граница меѓу нашите две земји, да нема дискриминација, без говор на омраза, а со автопати и модерни железнички линии. За многумина овие зборови звучат како сон, други организираат секакви провокации за да не се случи тоа, други едноставно не сакаат стабилност на Балканот. Јас и Димитар веруваме дека тоа е можно, и нема да подлегнеме на провокации, туку ќе работиме намерно и заедно да го постигнеме тоа. И на сите злонамерни страни можам само да им кажам: нема да не спречите, напиша Петков.


Сепак тој не коментира ништо за објавената фотографија. 

Инаку премиерот Димитар Ковачевски вчера објави дека заедно со својот бугарски колега Кирил Петков имале средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на маргините од Минхенската безбедносна конференција. 


Ковачевски подоцна ја објави фотографијата од средбата, но истовремено Петков одлучи „да се фотографира сам“ со Блинкен.

Ковачевски денеска изјави дека сака да верува дека Петков ненамерно го тргнал од фотографијата.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце