05 Мај, 2024
0.0253

#ПетокЗаМлади @Технома - ФИТР организира работилница за поттикнување на иновации помеѓу средношколците

Објавено во: Мои пари 25 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Фондот за иновации и технолошки развој продолжува со започната иницијатива -  #Петок за млади @ФИТР, со цел да се поттикнат креативните вештини и иновативноста кај младите.

Овој петок (25.10.2018 год) во рамките на манифестацијата Макинова која е поддржана од Фондот, на саемот Технома ќе се одржи „Креативна работилница за младинско творештво.“ Своите иновативни проекти ќе ги претстават ученици од неколку средни училишта од Македонија кои ги изработиле во рамки на работилниците организирани од страна на Сојузот на здруженија за техничка култура на Република Македонија – „Народна техника“, како и средношколците од „Михајло Пупин“ и „Јосип Броз Тито“ од Скопје чии проекти се избрани во рамките на „Предизик за млади“ на ФИТР. 

Учениците и посетителите, меѓу другото ќе имаат можност да ги видат проектите „Хигиена на забите со еколошка паста“ изработен од учениците од „Ацо Русковски“ од Берово, „Теслин трансформатор“ на учениците од средното училиште „Коле Нехнетин “ од Штип, проектот „Вертикален плотер“ на учениците од средното училиште „Јахја Кемал“ од Скопје како и  проектот на средното училиште „Михајло Пупин“ за изработка на оригинален 3Д принтер за кој користат посебна софтверска програма.

Целта на работилницата е учениците да разменат практични искуства кои ќе ги поттикнат да работат на нови иновативни проекти, надвор од училниците, преку интеракција и дружење. 

Работилницата ќе се одржи на 26.10.2018 год (петок), во 12 часот, во рамки на саемот Макинова кој се одржува во спортската сала „Борис Трајковски“.

Истовремено ФИТР се приклучува на огромниот број на хумани граѓани, организации и компании кои помагаат и донираат за лекувањето на Сара Настеска од Охрид. На штандот на ФИТР е поставена кутија за донации. Собраните финансиски средства од страна на хуманите граѓани до завршувањето на Саемот на 28.10 ќе бидат донирани за Сара заедно со досега собраните финансиски средства од страна на вработените во #ФИТР.

Да бидеме хумани и да ја покажеме нашата солидарност на дело!

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото