Добивај вести на Viber
Државната нафтена компанија на Венецуела, Петролеос, добила кредит од една милијарда долари од руската компанија Газпром.
Кредитот е наменет за намалување на товарот од долгот и забрзување на развојот на заедничкиот проект на руската и венецуелската компанија во државата Сулија, пренесува Асошиејтед прес.
Уште еден кредит на сума повеќе од милијарда долари Петролеос ќе добие од најголемата шпанска нафтена и гасна корпорација, Репсол.