06 Мај, 2024
0.0239

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Објавено во: Свет 26 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Тинејџерка во Русија e осудена на 3,5 години затвор поради антивоени графити и објави на социјални мрежи.

Тинејџерката од сибирскиот град Чита, Љубов Лизунова (17) е осудена на 3,5 години, соопшти денеска рускиот суд. Ученичката e приведена заедно со Александар Снежков (19) и Владислав Вишневски (23) во октомври 2022 година, неколку месеци откако Русија ја нападна Украина.

Лизунова, која се опишува себеси како анархистка, тогаш имала 15 години, пишува „Москва тајмс“. Тие првично беа обвинети дека ја испишале фразата „Смрт за режимот!“ на вратата од гаражата, а подоцна и дека почнале канали против војната и правата на животните на апликацијата за пораки – Телеграм.

Лизунова и Снежков се вклучени во регистарот на терористи и екстремисти на Државниот финансиски надзорник Росфинмониторинг, кој им овозможува на властите да ги замрзнат нивните сметки без судски налог.

Судот на првиот источен воен гарнизон денеска соопшти дека ја прогласил Лизунова за виновна по две обвиненија за поттикнување тероризам и екстремизам. Таа е осудена на три години и шест месеци малолетнички притвор и тригодишна забрана за користење интернет. Руските медиуми пишуваат дека ова е прв пат малолетник да биде осуден за антивоени ставови. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година, а луѓето кои се против војната се соочуваат со судење. Луѓе со критички ставови доживеаја мистериозна смрт. 

Можеби ќе ве интересира

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина