Плаќаат за 107% повеќе, а најквалитетното оди кај Германците
Објавено во: Балкан 29 Јуни, 2017
Бугарскиот министер за земјоделство, Румен Порожанов вели дека од 30 видови храна кои се купени во Австрија, Германија и Бугарија, 16 видови се многу поскапи во Бугарија.
Ако се споредат два вида на храна за деца едната е поскапа за 90, а другата за 107%.
Чоколадни производи и сирења кои се продадени во Бугарија се за 20 до 70% поскапи.
Министерот вели дека разликата во цената не може да се оправда со трошоци за транспорт и складирање.
Споредени се состојки од храната која се продава во Бугарија и во Западна Европа при што е утврдено дека има разлика.
Разлика немало само во месните производи.