02 Мај, 2024
0.0901

По Дојран, се преговара и со други општини да овозможат попусти за српските туристи

Објавено во: Македонија 15 Април, 2021

Добивај вести на Viber

По Дојран, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот преговара и со други општини со цел да се обезбедат попусти и други олеснувања за српските туристи.

Целта е да возвратиме за хуманиот гест и солидарност кој Србија го покажа и донираше вакцини за Македонија, но и да им се помогне на домашните туристичките работници кои се во криза периодов. Со низа олеснувања ќе придонесеме српските туристи да не ја одминат Македонија како туристичка дестинација оваа летна сезона.

„Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе продолжи со иницијативата која предвидува: oслободување на странските туристи од плаќање на паркинг во градовите, бесплатни билети за музеите, попусти во туристичко угостителските објекти. Оваа иницијатива е поттикната од хуманиот гест на српската влада за вакцинирање и донирање на вакцини за жителите во Македонија. Иницијативата ќе поттикне поголем број на српски туристи да ги посетат нашите градови на нивното патување по патниот правец Е 75 и подолго задржување во нашите дестинации, поголем број на туристи во нашите туристички места од Република Србија, бидејќи 2021 година се очекуваат гости од регионот поради состојбата со пандемијата. АППТ продолжува со разговорите со одредени општини за приклучување на иницијативата како што тоа го стори  Дојран“, објаснува директорот Љупчо Јаневски.

Со градоначалникот на Дојран, Анго Нагов, веќе е договорено за претстојната туристичка сезона во овој град српските туристи да добијат попусти во туристичко-угостителските објекти и бесплатен паркинг. Јаневски и Ангов најавија засилена промоција на Дојран како туристичка дестинација во регионот за да се искористат можностите од транзитниот туризам.  На пат кон Грција српските државјани често го посетуваат Дојран. Србите, заедно со Турците и Бугарите се едни од најбројните туристи кои ја посетуваат земјава, и тоа може да се види од извештаите на Државниот завод за статистика. Србија донираше вакцини од Фајзер и Спутник за Македонија. Премиерот Зоран Заев претходно спомена и дека е можно летово српските туристи да бидат ослободени од плаќање на патарини. Донираните вакцини вредат околу 700.000 евра.

Сања Атанасовска

фото Wikipedia

Можеби ќе ве интересира

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично