По млакоста на нападите се засили Асад - Ќе го уништам тероризмот во Сирија
Објавено во: Свет 14 Април, 2018
Сириските државни медиуми воздушниот напад на САД и сојузниците го добија како посакуван и го искористија за максимизирање на позициите на претседателот Асад кој го прикажаа како пристигнува рано наутро во претседателската палата, по што тој даде изјава со засилена реторика дека отпорот ќе продолжи и тој целосно ќе се посвети на уништување на тероризмот.
– Таквата агресија само ја зајкнува решеноста на Сирија да продолжи да се бори и да го уништи тероризмот во секој дел од нејзината територија, изјави Асад.
Претседателот на Сирија исто така разговарал со претседателот на Иран од каде добил целосна поддршка што беше сосема очекувано.
Рохани нагласил дека Иран ќе продолжи со поддршката на Сирија, додавајќи оти е уверен дека „агресијата нема да ја ослаби решеноста на сирискиот народ за војна против тероризмот“.