06 Мај, 2024
0.0257

По повод денешниот ден: Пивара Скопје со едукација за здрави и безбедни школски денови

Објавено во: Мои пари 28 Април, 2015

Добивај вести на Viber

По повод 28-ми април – Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа, Пивара Скопје продолжува со реализација на проектот за едукација на учениците во основните училишта на теми поврзaни со здравјето и безбедноста во училишната средина. Оваа година со едукацијата се опфатени 1.500 четврто-одделенци од основните училишта во Гази Баба, Аеродром и Чаир.

Во рамките на проектот, учениците, во присуство на своите наставници, имаат можност да стекнат сознанија и практични совети за тоа како да спречат повреди предизвикани од лизгање, препнување и паѓање; како правилно да го држат телото при седење во училишната клупа, при пишување и работа со компјутер и како да постапат при евентуална појава на пожар во училиштето.

pivara 4

Овие совети, на интерактивен и сликовит начин, прилагоден на возраста на учениците, им ги пренесуваат вработени во Пивара Скопје кои, во рамки на воспоставената практика на компанијата, редовно се обучуваат и ги освежуваат своите знаења од областа на здравјето и безбедноста при работа.

pivara 3

„Ако сакаме да создаваме генерации кои ќе бидат свесни за значењето на здравјето и безбедноста на работното место, треба да почнеме да ги едуцираме уште од најрана возраст. Среќни сме што имаме можност на децата да им го пренесеме нашето знаење од областа на безбедноста и здравјето во работни средини. На тој начин веруваме дека придонесуваме тие да разберат како со своето однесување можат подобро да го заштитат своето, како и здравјето и безбедноста на своите другарчиња и сите останати во рамките на училиштето и надвор од него“, изјави Ламбро Патче, менаџер за корпоративни комуникации во Пивара Скопје, кој заедно со своите колеги учествува во овој проект.

pivara 2

Покрај презентациите, децата добија и едукативни материјали, моливи и тетратки, кои треба да помогнат во пренесување на клучните сознанија и препораки за обезбедување безбедни и здрави училишни денови. Годинешната едукација се реализира во соработка со општините Аеродром, Чаир и Гази Баба. Проектот започна минатата година кога беа опфатени 700 основци од сите училишта во општина Аеродром.

pivara 1

Пивара Скопје АД со години наназад вложува во здравјето и безбедноста на своите вработени и во нивна едукација на различни и релевантни теми од оваа област. За досегашните достигнувања и активностите на овој план, компанијата е добитник на Националната награда за најдобри практики од областа на безбедноста и здравјето при работа. Пивара Скопје е меѓу првите компании во Македонија која уште од 2007-та година го има воведено и е сертифицирана според водечкиот меѓународен стандард за управување со безбедноста и здавјето при работа – OHSAS 18001.

Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“