По раст на БДП тие се најлоши во своето опкружување
Објавено во: Финансии 04 Мај, 2018
По раст на БДП Хрватите се најлоши во своето опкружување.
Растот во Хрватска продолжува иако е малку забавен.
Оваа година според Европската комисија Хрватите ќе имаат раст од 2.8 проценти, а следната година раст од 2.7 проценти.
Словенија оваа година ќе има раст од 4.7 проценти, а идната година од 3.6 проценти.
Романија годинава ќе има раст од 4.5 проценти, а во 2019 година од 3.9 проценти.
Словечка ќе има 4 оваа и 4.2 проценти раст догодина.
Полска оваа година очекува раст од 4.3 проценти, а идната година од 3.7 проценти.
За Унгарија растот оваа година ќе биде 4, а догодина за 3.2 проценти, додека Бугарија во 2018 година ќе има раст од 3.8 проценти, а идната година од 3.7 проценти.