По референдумот се урна хеликоптер со судии и полицајци во Турција
Објавено во: Свет 18 Април, 2017
По завршувањето на референдумот во Турција се бележи голема несреќа откако полициски хеликоптер во кој се наоѓале 12 лица се урна во округот Тунџели.
Во хеликоптерот биле превезувани седуммина полицајци, двајца судии и тројца членови на екипажот. Судиите и полицајците биле ангажирани во избирачка комисија за референдумот, кој се одржа во неделата.
Турската полиција е во потрага по преживеани од несреќата, јавуваат турските медиуми