Добивај вести на Viber
На вториот ден од 40-тата Галичка свадба, Александра Крстевска и мавровецот Васе Ѓорѓевски ќе бидат венчани во Бигорскиот манастир, а манифестацијата ќе биде збогатена со сите традиционални свадбени ритуали карактеристични за Галичник.
Галичката свадба трае два дена, а почна вшера со традиционалното китење на бајракот и трите истрели од пушка. Свадбата почнува со припремита во домот на невестата, а синоќа се организираше етно концерт на платото пред чешмата Упија.
За првпат Галичката Свадба е одржана во 1963 година, а по две изданија, повторно е обновена во 1973 година. Свадбените ритуали ќе завршат во 13 часот, а гостин на манифестацијата денеска е претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов кој е покровител на настанот.