Почина бебе, колку случаи на морбили има за една недела?
Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2019
Шест месечно бебе oд Куманово почина од морбили на Инфективната клиника во Скопје.
Детето било во критична состојба и поради покачена телесна температура, но бебето имало проблеми со срцето и белите дробови.
Но, уште две деца се наоѓаат во критична состојба. Податоците за јавно здравје, покажуваат дека вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата е околу 150. Последнава недела се пријавени 58 случаи на морбили во Скопје и 4 во други градови, како Куманово, Тетово и Гевгелија.
Министерот за здравство, Венко Филипче упати повик до граѓаните да се вакцинираат, затоа што како што вели тоа е единственото нешто што можеме да го направиме.