28 Април, 2024
0.2986

Почна од Холивуд, стигна и кај нас: #СегаКажувам, #TaniTregoj „ја тресе“ Македонија

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Се почна од Холивуд кога светски познати ѕвезди почнаа да обвинуваат продуценти и режисери и јавно да  зборуваат за сексуалните вознемирувања кои ги претрпеле. Како молња обвинувањата за Харви Вајнштајн го обиколија светот, а иницијативата е во ек и кај нас.

Македонија почна да ја следи кампањата за подигнување на свеста за сексуалното вознемирување.

На социјалните мрежи под хаштаг #СегаКажувам#TaniTregoj корисниците споделуваат свои приказни кога биле сексуално малтертирани. 

Подолу ви пренесуваме неколку од нив, а ако вие сте биле жртва на сексуално вознемирување, не плашете и кажете сега.

*Имам кажано и друг пат, ама немам пријавено. 
Бев силувана. Знам и туѓи приказни, слични на мојата.
У пичку матер, се тресам дури го пишам ова. Не знам дали е паметно да стои јавно? Дали е паметно воопшто да кажам?

*Имав 32 години, добив работа во една голема респектабилна фирма како магистер на Болоњски универзитет. Шефот ме забележа веднаш... имав супер старт. Се“ до моментот кога жустро се спротивставив на еден состакок кога пред сите рече „оваa е само да ja однесеш на Сани на викенд”. Секако ова го направи во присуство останати директори (мажи)… Уште и кога разбра дека се разведувам. Отказот го добив експресно, без образложение. Никогаш не прозборев за сите уцени, пораки, ‘ржења…А чувствував и вина дека можеби и јас сум го предизвикала... Често се прашувам колку жени и девојки го поминале или во моментов го поминуваат тоа. Но #СегаКажувам #TaniTregoj!

#СегаКажувам#TaniTregoj и јас и сестра ми имаме приказни, имам ќерка и нема да дозволам да се повтори: директор на туристичка агенција, јас бев девојче на обука- Треба да ти направам една фото-сесија со златни бои искината маица само на тебе, на свеќи, што велиш? НЕ! ; Доктор (гинеколог) - Дојди во Среда сестрите не се тука, ајде да те гушнам, не се секирај.... (Гушка) Го осеќаш?; вториов на пациентките им дава да потпишат согласност дека нема да го дискредитираат. И не, нема да пројде, "епа таков е тој", "не треба пред него многу дотерана"!!! Ало, вагинални прегледи прави вториов!!!

#СегаКажувам#TaniTregoj е за искуствата на сексуално вознемирување кои треба да се прочитаат. Киднаперите на хаштагот и спрдаторите не се вредни за внимание. Самите се брукаат доволно - не мора никој тоа да го прави за нив. Апелирам истите да не ве демотивираат. Исто така ги охрабрувам моите другарки да прочепкаат по непријатните сеќавања. Потребно е да се зборува за да може потоа и да се делува.

*Во основно. Екскурзија низ Македонија. Една соученичка ни раскажува дека наставникот по математика ја повикал во својата соба и ја терал да прави невкусни работи. 
Тоа ни беше омилениот наставник. Тој не би можел да направи такво нешто. Иако знаевме дека кога таа е пред табла знае да ја гледа чудно. (беше полово поразвиена од останатите девојчиња). Под влијание на најпопуларните (и најблиските со наставникот) соученички сложно решивме дека не можеме тоа да го прифатиме како вистина и дури ја осудивме дека мора да лаже и сака да му наштети. Многу подоцна разбрав дека наставникот бил пријавен, но во недостаток на докази ослободен. Девојката и семејството се преселија во Германија. По многу години разбрав дека истиот тој наставник бил посочен и од друга ученичка, но не ја знам завршницата. Тогаш сфатив колку е големо влијанието и моќта на мажите во општеството. Никогаш повеќе не ја ставив под знак прашање приказната на некоја жена за сексуално вознемирување, од некој за кој сите мислат дека е супер човек. Но знам дека општеството сеуште го прави тоа.#СегаКажувам #TaniTregoj

Можеби ќе ве интересира

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба