Добивај вести на Viber
Вечерва во Галичник ќе ечат зурлите и тапаните, во 19. 30 часот започнува 40. Галичка свадба. Почетокот ќе го означат трите истрели од пушка, а за гостите и туристите ќе биде организиран концерт на етно музика пред чешмата Упија.
Годинава во Галичник ќе се венчаат скопјанката Александра Крстевска и мавровецот Васе Ѓорѓевски. Тие со брак ќе ја крунисаат својата деветгодишна врска.
Во текот натрадиционалната манифестација ќе се играат „тешкото“, „невестинско“ „свекрвино“оро, а утре во 9 часот ќе продолжат свадбените ритуали кои ќе траат до 13 часот. Веселбата трае два дена, а изобилува со повеќе ритуали препознатливи за Мијаците. Помеѓу позначајните одбележја на церемонијата се носењето на невестата на вода, канењето на мртвите, бричењето на зетот, земањето на невестата која зетот го гледа преку прстен, замесувањето на лебот.