17 Јануари, 2025
0.0324

Почнува аплицирањето за место во студентски дом, шанса имаат 6.369 студенти

Објавено во: Мои пари 14 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Утре ќе биде распишан конкурсот за  6.369 слободни места во студентските домови, најавија денеска од министерството за образование и наука, од каде што посочија дека за првпат годинава места ќе се делат согласно  новините од Законот за студентски стандард.

Како што информираше министерот Спиро Ристовски, законот содржи поволности и бенефеции за студентите при сместување и стипендирање, особено за тие од ранливите категории. Тој појасни дека со Законот студентите добиваат поголеми бенефиции, појасни и се делат на три категории.

Првата категорија се студенти од ранливите категории, за кои државата целосно ги надоместува трошоците за сместување и исхрана во студентските домови. Опфатеноста на таа категорија студенти е до 40  проценти од вкупниот број легла во домовите. Тука, информира министерот, припаѓаат студенти со статус на деца без родители и родителска грижа, деца со посебни потреби, деца на корисници на социјална парична помош и постојана парична помош, на самохран родител, на невработени родители и деца на корисници на надомест по основ на престанок на работен однос од деловни причини, за кои вкупните приходи во семејството се до нето минималната плата утврдена во државата. Во таа група спаѓаат и студентите со еден од наведените статуси за кои вкупните приходи во семејството се над нето минималната плата и кои плаќаат за сместување и исхрана во студентскиот дом каде добиле легло.

Втората категорија се студенти кои постигнале особено висок успех во тек на досегашното учење.Опфатеноста на таа категорија студенти е до 25  проценти од вкупниот број легла во домовите.

Третата категорија, пак, се студенти кои не се опфатени во претходните две категории, за кои ќе се распределат до 35 проценти од вкупниот број легла во домовите.

Ристовски додаде дека поголеми ќе има повеќе бенефиции на студентите од  ранливите категории кои полесно ќе земаат стипендии. Првата категорија студенти ќе добие до 50 проценти од вкупниот број стипендии кои ќе се доделуваат, до 30 проценти опфатеност за студенти кои постигнале особено висок успех во текот на досегашното учење и до 20 проценти за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-матеметичките науки, техничко-технолошките, биотехничките или медицинските науки.

„ Бројот на стипендиите ќе зависи од апликациите. Како и секоја година секогаш е иста количината на стипендии и  во буџетот за 2014 година ќе се планираат средства како и секоја година“, изјави Ристовски.

Можеби ќе ве интересира

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика