ПОЧНУВА КАМПАЊАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Кој го сака Меркел за претседател?
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2016
Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка се согласила да го поддржи актуелниот шеф на германската дипломатија Франк Валтер Штајмаер, инаку социјалдемократ, за кандидат на владеачката коалиција за нов претседател на Германија.
ЦДУ сака Штајнмаер да го замени актуелниот претседател Јоаким Гаук на претседателските избори следната година, дознава Ројтерс од свои извори во таа конзервативна партија.
Merkel's conservatives back Foreign Minister Steinmeier for president: source https://t.co/KHMPaW3mH9
— Reuters World (@ReutersWorld) November 14, 2016
И Христијанско-социјалната унија, сестринската партија на ЦДУ од Баварија, се сложила со тоа да го поддржи Штајнмаер, рекол лидерот на таа партија Хорс Зехофер.
Лидерите на партиите на владечката коалиција се состанале вчера да се договорат кој ќе им биде заеднички кандидат на претседателските избори, но уште не е јасно кој би можел да го замени Штајнмаер на местото министер за надворешни работи на Германија.
Претседателската функција во Германија е протоколарна.