13 Јули, 2020
0.0326

Почнува официјалната продажба на The Frame и The Serif телевизорите во Македонија

Објавено во: Мои пари 27 Мај, 2020

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. го најави започнувањето на официјалната продажба на домашниот пазарна новите модели од својата Lifestyle линија на телевизори за 2020 година -The Frame и The Serif. Овие модели се карактеристични по тенкиот дизајн, кој се вклопува во секој ентериер, но и по добра познатата Quantum Dot технологија и високата резолуција.

Моделот The Frame е наменет пред сѐ за сите вљубеници во уметноста, со изразено чувство за естетика. Овој уред го претвора секој дом во галерија, благодарејќи на елегантниот дизајн, рамката во боја по избор, како и специјалниот режим кој овозможува прикажување на повеќе од 1.200 врвни уметнички дела од единствената Samsung Art Store продавница кога телевизорот е исклучен. Оваа уметничка платформа константно се дополнува со нови дела кои овозможуваат да имате сопствена збирка на дела од многубројни светски музеи во само една единствена рамка. Од класичните ремек дела на сликари, како што се Ван Гог и Клод Монѐ, преку светските познати фотографии, па сè до модерните и апстрактни уметности, секој корисник има можност да избере дело кое ќе го краси неговиот животен простор, како и да го промени во оној момент кога ќе се засити и ќе посака да му подари нов изглед на својот дом.  Корисниците можат да уживаат и во сопствените фотографии, како што се семејните портрети во голем формат, со оглед на тоа дека сликите од телефонот или од USB Flash драјвот многу лесно се пренесуваат на The Frame телевизорот.

За да може секој дом да остане уреден и без многубројни кабли, The Frame поседува само една тенка, неприметлива врска, која истовремено ги поврзува сите уреди со телевизорот преку One Connect Box уредите. Доаѓа во црна, бела и во беж боја и совршено се вклопува во секој ентериер, било да е исклучен или вклучен. Со овој модел на телевизори корисниците можат да го покажат и личниот вкус за уметност без прикривање на ѕидовите со многу слики и фотографии, туку со негов минимализам и одмереност.

Исто така, во Македонија ќе биде претставен за првпат и моделот The Serif, во две бои – небесно бела и небесно сина. Овој телевизор се истакнува со својата естетика, за што потврдува и овогодинешната iF награда за иновативен дизајн, едно од најпрестижното одликување во оваа област на меѓународно ниво. Креиран од страна на познатите француски дизајнери, браќата Буруле, The Serif изгледа совршено од секој агол, па може по потреба да се поместува низ собата. Го карактеризира и металната сталажа, така што корисникот може да бира дали телевизорот ќе биде поставен на полица, на комода, или ќе стои самостојно.

Samsung на овој модел ги додаде и NFC и AirPlay2 опциите за поврзување, за да можат корисниците да ја слушаат музиката од телефонот на телевизорот, без додатни кабли. За уживање во моќниот звук на The Serif телевизорот, доволно е да се активира NFC апликацијата на паметниот телефон и да се постави на телевизорот, а уредите самите ќе се поврзат безжично. Додатно, AirPlay2 опцијата овозможува едноставно впарување со Apple уредите, со користење на практичните функции, како пресликување на екранот.

Двата модели доаѓаат со Quantum Dot AI Upscaling технологија која обезбедува стопроцентна видливост на боите со повеќе од милијарда нијанси, со беспрекорно реалистична слика и извонреден контраст. The Serif има и способност да детектира промена на количината на светлоста во просторијата и да подесува оптимално осветлување, благодарејќи на функцијата Прилагодлива слика, правејќи го гледањето телевизија пријатно за око.

Во Македонија The Frame, ќе биде достапен во големина од 32 до 75 инчи, а почетната цена започнува од 35.199 денари. The Serif ќе биде достапен во дијагонала од 43, 49 и 55 инчи, а почетната цена изнесува 67.899 денари. Повеќе информации за Samsung Lifestyle 2020 телевизорите можете да пронајдетена: https://www.samsung.com/mk/tvs/the-serif-ls01t/QE43LS01TBUXXH/ и https://www.samsung.com/mk/tvs/the-frame-ls03t/QE55LS03TAUXXH/


Можеби ќе ве интересира

Врачена наградата Автомобил на годината во Македонија за 2020 година и признанието СУВ на годината

Врачена наградата Автомобил на годината во Македонија за 2020 година и признанието СУВ на годината

А1 Македонија подарува: Со нова активација на Е-сметка до електричен велосипед

А1 Македонија подарува: Со нова активација на Е-сметка до електричен велосипед

Ладење и греење со инвертер клими: Заштедете пари и електрична енергија

Ладење и греење со инвертер клими: Заштедете пари и електрична енергија

Светски агенции: Со користење на IQOS се намалува изложеноста на штетни материи

Светски агенции: Со користење на IQOS се намалува изложеноста на штетни материи

ДВА НОВИ ОНЛАЈН БОНУСИ ВО Sportlife

ДВА НОВИ ОНЛАЈН БОНУСИ ВО Sportlife

Заборавете на бактерии и вируси со правилно чистење и одржување на клима уредот

Заборавете на бактерии и вируси со правилно чистење и одржување на клима уредот

Huawei ја засилува вредноста на брендот, се искачува на рангирањето на BrandZ World’s Most Valuable Brands

Huawei ја засилува вредноста на брендот, се искачува на рангирањето на BrandZ World’s Most Valuable Brands

Каде одат донираните средства од веб-платформата solidarnost.gov.mk?

Каде одат донираните средства од веб-платформата solidarnost.gov.mk?

Светот низ призмата на фотографии доставени до Huawei Next-Image Awards 2020

Светот низ призмата на фотографии доставени до Huawei Next-Image Awards 2020