04 Мај, 2024
0.0237

ПОДОБРО ОД ИБИЦА: Ова рибарско село стана најпоскувана дестинација-еве зошто!

Објавено во: Стил 11 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Журките до утро на Ибица, најдобри коктели и цени од кои ќе ви се заврти во глава ја добија сериозната конкуренција и се поголемиот број луѓе кои се желни за добра забава ја менуваат локацијата на која ја бараат.

Кан, летувалиштето кое ја промени длабоко засадената совест дека кога помислиме на францускиот туризам мислиме на Париз, станува се поомилено место за одмор.

Се до 19 век, Кан беше мало рибарско село со скромен начин на живот, а потоа го открија припадниците на француското крем друштво и изградија викендици, па полека почна да излегува од „анонимност“.

Во средината на 20 век е одржан првиот филмски фестивал во Кан, па во годините после тоа овој град станува светски симбол на луксузот и омилено место на вртоглавно богатите луѓе.

Јахти, хеликоптери, најлуксузни автомобили, звезди од светскиот џет-сет кои може да ги сретнете на вечера или на соседната лежалка на плажата, блескав гламур и шум на морето, секоја година привлекуваат се поголем број на туристи кои на својот одмор очекуваат максимум, па денес Кан го посетуваат милиони луѓе.

Забавата која може да ја искусите во текот на престојот во Кан многумина ја оценуваат значајно подобра од онаа на Ибица, која со години наназад им се наметнува како симбол на лудите журки во Европа.

Не е само за привилигирани, во Кан можете и за 200 евра

Иако со години рајот на Кан беше резервиран за оние кои не се грижат за длабочината на својот џеб, денес речиси секој може на себе да си дозволи заминување на место кое се наоѓа на врвот на приоритетите на сите светски патници.

Француската ривиера, секако, не е само Кан, и вистинско искуство за еден од најубавите делови на Европа ќе стекнете дури кога ќе ја истражите цела, што може да го направите за нешто повеќе од 200 евра колку чини понудата која ја пронајдовме, а во рамки на која имате шанса да посетите и други бисери на Азурниот брег.

Милано, Ница, Сен Тропез, Антиб, Монте Карло исто така се дел од оваа тура кои ќе ви донесат незаборавно искуство.