30 Април, 2024
0.0239

Погледнете колку пари губат најбогатите луѓе за една недела

Објавено во: Стил 22 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Најбогатите луѓе во светот загубиле 182 милијарди долари во последната недела.

Основна причина за ова се вестите за забрзаното забавување на кинеската индустрија, како и намалувањето на индексите на главните берзи во светот.

Неделниот пад на богатството на 400-те најбогати луѓе во светот е рекорден во историјата на индексот на милијардери. Само во петокот милијардерите го намалиле богатството за 76 милијарди долари, откако S&P 500 заврши со најлошата вредност од 2011-та година.

Општото богаство на најбогатите луѓе во светот веќе е 3.98 илјади милијарди долари или за 74 милијарди долари помалку во однос на почетокот на 2015-та година.

Најголем пад се забележува кај Ворен Бафет, чие богатство се намали за 5% или 3.6 милијарди долари или до 63.4 милијарди долари.

Третиот најбогат човек во светот е следен од нафтениот магнат Харолд Хам, кој изгубил 9% или 895 милиони долари. Богатството на 26-те најбогати Кинези пак се намали за 18,8 милијарди долари. Најбогатиот жител на Кина, чиј имот е проценет на 260 милијарди јуани, односно 40,6 милијарди американски долари е Ванг Џијанлин, челникот на корпорацијата за недвижности „Dalian Wanda Group“.

Богатството на Ванг Џијанлин се зголемило во текот на изминатата година за повеќе од 50 отсто.

10092013221317_vanda grup sopstvenik

Второто место во рангирањето, со проценета сопственоста на повеќе од 200 милијарди јуани, или над 30 милијарди долар, го зазема претседателот на управата на компанија „Cheung Kong Group“, Ли

Цјачен, познат и како Ли Ка Шин. На третото место е кинескиот милијардер и челник на една од најголемите светски IT компании „Alibaba“, Џек Ма, чие богатство е проценето на 165 милијарди јуани, или 25,8 милијарди долари.

Ванг беше прогласен за најбогат жител на Кина и во 2013 година, кога неговото богатство беше проценето на 22 милијарди долари.

bilioneri-00344

Обработка: К.К.

Извор: Bloomberg