03 Мај, 2024
0.0240

„Pokemon Go“ води до зависност

Објавено во: Стил 02 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Стекнатата со светска популарност игра „Pokemon Go“ всушност носи ризик за животот на луѓето. Се покажа дека таа ги активира истите неврони во мозокот како дрогата, што може да доведе до зависност. Тоа го смета професорот Елан Баренхолц од Универзитетот на Флорида, пишува Business Insider. Според експертот игрите со виртуелната реалност создаваат „опасна патека“ . Ова создава опасност за луѓето да станат зависници од виртуелната реалност и да го отфрлат вистинскиот живот. Проф. Баренхолц соопштува за луѓе кои ја напуштиле работата само да имаат време да ловат Покемони. Покрај тоа, секој ден има инциденти со луѓе кои се повредени, бидејќи не гледале каде одат. Според експертот играта е исто како фокусите и илузиите - знаеш дека не се вистинити, но голем дел од мозокот ти ги прифаќа и им верува. Професорот смета дека играта „Pokemon Go“ е само почеток и предупредува дека многу треба да се внимава со неа.