ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРОМЕНИ ТЕКОТ НА ИСТРАГАТА, СЕГА Е ФОКУСОТ САМО НА ОВА МЕСТО - нови информации од потрагата, еве за што станува збор
Објавено во: Балкан 06 Април, 2024
По неколкучасовна потрага во селото Злот, кога дворот и објектите на сосетката Драгица Шуљ, која има куќа во споменатото село, додека живеела во Австрија 25 години, а потоа и дворот на осомничениот Дејан и неговото семејство, од ова место се повлекле полициските сили заедно со пожарникари и спасувачи.
Имено, по деталниот претрес на бунарот, дворот, куќата и другите помошни објекти на сосетката Драгица, полицијата целосно ја насочила работата кон дворот на осомничениот Дејан, откако со лисици бил донесен еден од браќата Драгијевиќ, кој , да потсетиме, заедно со таткото беа и приведени за истото дело.
Комбинираната машина работела со часови, а покрај пожарникари и спасувачи, биле присутни и вештаци од судска медицина, по што сите заедно се повлекле носејќи ги најверојатните докази во вреќи кои ќе бидат испратени на вештачење.
Покрај еден од осомничените кој бил на местото на настанот каде е извршен денешниот претрес, донесена е и мајката на убиецот Драгијевиќ, која непосредно пред тоа била на рочиштето.
За жал, и покрај темелната потрага, агонијата продолжува бидејќи телото на девојчето не е пронајдено.
Курир.рс