01 Мај, 2024
0.0294

Граѓаните револтирани - полицијата ќе стави крај на дивите трки во Скопје

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Полицијата ќе стави крај на дивите трки на скопските улици и ќе придонесе за зголемување на безбедноста во сообраќајот, откако Фактор вчера објави дека хаос владее на „Партизанска“ и дека граѓаните реагираат. 

Полицијата синоќа спровела акција. Од МВР додаваат дека на подрачјето на Скопје се позабележителна е појавата на возачи на моторцикли кои со нивното брзо возење прават голема врева и го нарушуваат јавниот ред и мир. Дополнително тие ги вознемируваат граѓаните. 

Од полицијата наведуваат дека во главниот град се случуваат диви трки чии несовесни возачи ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот и нивната лична безбедност. За сето ова имало рекции на јавноста и поплаки од граѓаните за нарушен јавен ред и мир.

„Полицијата е решителна да стави стоп на овој вид на појави и од тоа отстапување нема. Ќе бидеме присутни и во наредните денови континуирано со преземање на интензивни мерки со цел воспоставување на безбедноста во сообраќајот“- вели Билјана Милевска начaлник на Одделението за превенција при СВР Скопје.

За два дена преземени се мерки за возачи на моторцикли заради пречекорување на брзина, непочитување на знаци, немање возачка дозвола и кацига, возачи на моторцикли во алкохолизирана состојба, нерегистрирани моторцикли.

Читајте уште 

Хаос и дивеење по Партизанска – Проблемот не се решава систематски

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски