01 Мај, 2024
0.0300

Хаос и дивеење по Партизанска – Проблемот не се решава систематски

Објавено во: Македонија 15 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Булеварот Партизански одреди е најнеподносливото место во Скопје, особено навечер кога почнува дивеењето на возачите, не се почитува поставената брзина, а често се одржуваат и диви трки на автомобили. Тоа доведува до чести сообраќајни несреќи, дел од нив завршија и премногу трагично со прегазени пешаци додека преминувале на пешачки премин и тоа на зелено светло. До редакцијата на Фактор често стигнуваат пораки на револтирани граѓани кои велат дека е неподносливо да се живее покрај булеварот поради огромниот сообраќаен хаос. Затоа решивме да ги контактираме сите надлежни институции, почнувајќи од МВР и што се презема за зголемување или барем одржување на безбедноста на булеварот Партизански одреди.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје постапува согласно законските надлежности во однос на решавање на сообраќајните проблеми кои се појавуваат на предметната сообраќајните и тоа:

-  На булевар Партизански одреди од март до јуни преземени се вкупно 540 мерки кон возачи кои непрописни ги паркирале моторните возила, издадени се 570 мандатни патни налози и подигнати се 59 возила од пајак службата. Во однос пак, на дивите трки од МВР велат дека од крајот на март до средината на јуни се преземени 26 мерки  според Законот за безбедност во сообраќај и Закон за возила против возачи на моторни возила кои учествуваат на Диви трки и притоа времено се одземени 4 моторни возила. Од почетокот на април до средината на јуни се преземени и 233 мерки кон возачи на велосипед со помошен мотор и мотоцикли, велат од МВР.

Покрај самата пекара Силбо на Партизански одреди исто така се создава огромен метеж бидејќи има голем број на кучиња скитници кои трчаат по автомобили, велосипедисти и пешаци. До нашата редакција постојано стигнуваат поплаки поради хаосот, вревата и опасностите кон сообраќајот. 

Запрашавме дали може Град Скопје да преземе мерки?

-  Град Скопје во функција на средување на состојбите со бездомните животни има формирано стационар кој е во состав на ЈП Комунална хигиена. За кокретниот случај и ние ќе интервенираме до стационарот Вардариште, но добро е и вие да ја исконтактирате службата за информирање на јавното претпријатие за да ве информираат конкретно за сите активности кои се спроведуваат во стационарот поврзани со третманот на кучињата скитници, ни одговорија од град Скопје.

Бројот за пријавување кучиња скитници недостапен

Ние успеавме да ги контактираме претставниците на ЈП Комунална хигиена кои ни посочија дека вакви проблеми може да се решат со пријава од страна на граѓани. Во делот за кучињата бездомници шинтерските служби може да излезат на терен, да проверат дали истите се агресивни или не, за потоа да ја применат стандардната процедура на преглед и обележување, но потоа кучињата се враќаат на истата локација секако доколку не се опасност за околината. Тоа што не успеавме е да добиеме никого на посочениот телефонски број за пријавување на проблемлот бидејќи истиот е недостапен и никој не се јавува.

Центар недостапни за решавање на проблемите на граѓаните

Од општина Центар не добивме одговор за што тие како локална власт може да преземат за решавање на проблемите во централното градско подрачје околу Партизанска, а портпаролката Ценевска не одговараше на нашите телефонски повици.

На граѓаните им препорачуваме многу да внимаваат во ноќните часови бидејќи може да „налетаат“ на некој див возач, а препорачуваме и постојано да вршат притисок врз локалните и градските власти, како и до МВР со поплаки за овие девијантни појави да почнат да се решаваат систематски.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски