06 Мај, 2024
0.0265

Половни возила само на автоплацеви, ќе порасне ли цената?

Објавено во: Економија 20 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Се дефинираат минималните технички услови што треба да ги исполнат фирмите и физичките лица за отворање автоплацеви за увоз и трговија со употребувани моторни возила, но се поставува и прашањето дали новите правила ќе ја зголемат цената на половните возила. Според измените возила ќе се продаваат само на автоплацеви, кои ќе се дефинираат како посебна категорија на продажни објекти за трговија со стари моторни возила. Владата подготвува законска основа и за воведување ограничување на бројот на увезени употребувани патнички автомобили и други моторни возила од страна на физичките лица за свои потреби. Намерата е да се спречат манипулациите со купувачите биле тие свесно или несвесно направени. Досега овој вид трговија не беше регулиран, а физичките лица – дилери увезуваа и продаваа половни возила без да бидат регистрирани за вршење на дејноста. Досегашната практика според Министерството за економија покажала дека голем број од граѓаните увезуваат возила на свое име, а потоа ги препродаваат и на овој начин прават нелојална конкуренција на фимите увезници во земјава и затоа овие измени во Законот ќе ја оневозможат нелојалната конкуренција во однос на трговијата со автомобили. Основната цел на овој Закон  е да се овозможи преку воспоставување на правна законска рамка да не се дозволи нелојална конкуренција при трговијата со употребувани моторни возила и да се постигне одреден напредок во сузбивање на сивата  економија, како и да се створат еднакви услови за вршење на трговијата со употребувани моторни возила, велат од Министерсвото за Економија. „Потрошувачите во некои случаи се жалеа дека откако ќе купат половно возило, по некој ден или недела, увидуваат различни проблеми или изречени невистини околу него. Сега, со овој нов закон,  ќе имаме одговорно лице. Тие што ќе продаваат ќе сносат одговорност односно ќе треба да стојат зад тоа што ќе им го продадат на купувачите, значи ќе има фирма која е осигурана и чија основна дејност ќе биде продажбата на половони возила, вели Кристијан Делев“, заменик министер за економија. Сепак, новите услови ќе значат и нови трошоци за дилерите па реално е да се очекува минимален раст на цената на половните возила од странство. Изминатите четири години, во земјава влегле вкупно 158.512  половни автомобили. Тоа е  бројката на увезени стари автомобили, од моментот кога владата дозволи повластен увоз,  односно од март 2010 година до јули 2014 година. Најголем увоз е направен во 2010 година. Тогаш се увезени 51.399 стари автомобили, вклучувајќи ја и бројката од 317 половни автомобили што истата година се увезени, но пред да биде овозможен повластен увоз. Секоја следна година, се намалува увозот на стари автомобили во земјава. Па така, во 2011 година, вкупната бројка на половни автомобили што влегле во земјава изнесува 34.326, во 2012 година биле донесени 28.546, а во 2013 година од странство биле купени 29.560 половни автомобили.

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот