Добивај вести на Viber
Полските влада ја тресе најголемиот корупциски скандал во последните 24 години, поради сомнителни тендери за набавка на информатичка технологија во вредност од околу половина милијарда евра, јави дописникот на МИА.
Според полицијата, осомничени се околу 40 луѓе од неколку министерства и приватни компании. Според полските медиуми, можно е бројката на уапсени да достигне и 200 лица. Меѓу уапсените е и шефот на Центарот за јавни набавки, Анджеј М. осомничен за примање мито и тоа огромна сума пари, автомобили дури и станови. Тој бил поврзан со луѓе од сите владини институции кои биле одговорни за набавки на предмети од информатичката област.
- Пари примале сите, кои биле во оваа дејност, а поткупувале сите кои сакале да ги добијат државните тендери, соопштија од полицијата.
Корупциската мрежа била развиена до тој степен, што вработените кои не се согласувале со нелегалните дејствија биле распоредувани на пониски работни места, а биле принудени да потпишат дека нема да даваат изјави во врска со тоа.