02 Мај, 2024
0.0317

Полска не се осуди да гласа на 10 мај

Објавено во: Свет 07 Мај, 2020

Добивај вести на Viber


Претседателските избори во Полска, првично закажани за в недела (10-ти мај), се одложени на барање на опозицијата заради пандемија на коронавирусот и сè уште не е познато кога ќе се одржат, потврди во средата вечерта претседателот на владејачката партија Право и Правда (ПИС) Јарослав Качински и неговиот коалициски партнер Јарослав Говин.

Изборите закажани за 10 мај нема да се одржат и Претседателот на Долниот дом ќе го објави „првиот можен датум“ за новите избори, порачаа Качински и Говин во заедничката изјава на Твитер. Тие не рекоа ништо за тоа кога би можело да биде одложеното гласање.

Според Уставот и неодамна донесениот закон, изборите би можеле да бидат организирани на 17 или 23 мај. ПИС сакаше да ги организира изборите што е можно поскоро, со цел, тврдат аналитичарите, за да се гарантира победата на претседателот Анжеј Дуда, кој беше член на ПИС.

Левицата и центристичката опозиција остро го критикуваа ставот на ПИС за гласањето заради опасноста од ескалација на епидемијата. ПИС одговори со предлог за дописно гласање на сите гласачи.

Качински и Говин имаа различни мислења за датумот на изборите. Говин, претседател на помалата партија Порозумјение (Слога) не беше за одржување на избори на 10 мај, а Качински беше. Тој конфликт не е спомнат во нивната изјава.

„Претседателот на Сејмот ќе го објави првиот можен датум за новите претседателски избори“, се додава во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место