03 Мај, 2024
0.0248

Помалку месо, помалку срцеви болести

Објавено во: Стил 06 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Намалувањето на потрошувачката на месо може да биде клуч за долг живот. Прехранбениот режим, богат претежно со овошје и зеленчук, го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања и мозочен удар. Ова е заклучокот на новото истражување, кое ги анализира навиките и начинот на живот на повеќе од 450 000 Европејци.

Оние кои претпочитаат полувегетарианска диета, во која 70 одсто од нивната храна доаѓа од растителни извори, имаат за 20% помал ризик од срцеви проблеми. Тоа е во споредба со оние кои повеќе им се застапени диетаи со месо, каде што помалку од 45 отсто од храната е од растително потекло.

Во истражувањето се вклучени речиси половина милион луѓе од 10 различни земји. Никој од нив не пател од болест на почетокот на истражувањето и сите биле на возраст помеѓу 35 и 70 години. Научниците го продолжиле истражувањето цели 12 години, за да утврдат како храната влијае на нашата здравствена состојба.

Наодите покажуваат на придобивките од консумирањето на растителни производи, како начин за спречување на срцеви заболувања. Се препорачува 70% од прехранбениот режим да вклучува овошје, зеленчук, цели зрна, мешунки, ореви, нискомаслени млечни производи, месо без кожа, главно пилешко, и риба.

Се очекува резултатите да бидат претставени на овогодинешната средба на Американското здружение за срце.