15 Мај, 2024
0.0308

Помош за мигрантите кои минуваат низ Македонија од Ротари клубот „Скопје”

Објавено во: Стил 02 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Денеска во просториите на Црвениот крст на Град Скопје, во Момин Поток, Ротари клубот „Скопје“ од Скопје донираше 2.500кг храна и над 55.000 литри вода и сокови наменети за мигрантите кои поминуваат низ Република Македонија.

Раководството на Ротари клубот Скопје симболично ја предаде донацијата на организацијата на Црвениот крст, која ќе биде соодветно дистрибуирана во прифатните центри за мигранти, согласно стратегијата на Црвениот крст и дневните потреби на лицата згрижени во овие центри.

 1ad13e08-c767-4353-adb7-b2267cd6d059Целта на оваа донација е да помогне и да го олесни задоволувањето на дел од основните потреби на мигрантите и бегалците кои поминуваат низ територијата на Република Македонија, а масовно се згрижуваат во прифатните центри на Црвениот крст во Гевгелија и Табановце.

 „Донацијата од Ротари клубот „Скопје“ е обезбедена во соработка со Ротари клубот „Оклахома“ од САД, како еден вид потврда на глобалната посветеност на Ротаријанците со стремеж за мир и подобра иднина за сите луѓе. Во основата на Ротаријанството е и здружување на ресурсите во заеднички напори пред се за мир во светот и спречувањето конфликти, а следствено и за искоренување на причините за глад, недостаток на вода за пиење, сиромаштија, болести и неписменост, преку делување многу пошироко од границите на своето најтесно опкружување. Мисијата на секој Ротаријанец е несебично да и служи на заедницата“ – изјави Глигор Бишев, Претседател на Ротари клубот „Скопје“.

 Ротари Клубот „Скопје“ оваа година го одбележа своето дваесет годишно активно делување од неговото повторно формирање.