ПОПЛАДНЕ ДОЖД: Завршија сончевите денови
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2021
Облачно со повремени
врнежи од дожд прогнозираат метеоролозите. Промената на времето се очекува
попладневните часови во западните делови од Македонија, а ќе дува и слаб до
умерен ветер од јужен правец.
Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 12 Целзиусови степени, Маврово 8, Охрид, 13, Битола 14, Крива Паланка 12, Берово 11, Кавадарци 13, Дојран 15.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд претежно во планинските делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец поизразен попладне, а дневните температури ќе достигнат од 11 до 18 степени.