ПОПЛАВА ВО ТУРЦИЈА: Има повредени
Објавено во: Балкан 05 Мај, 2018
Шест луѓе се полесно повредени во денешната поплава во турскиот главен град Анкара. Силните дождови ги претворија улиците во населбата Мамак во вистински реки кои пред себе носеле луѓе и возила.
Десетици куќи и канцеларии се поплавени. Граѓаните во овој дел на градот се спасувале така што се качувале на повисоките катови на зградите, пишува весникот Сабах.
Градоначалникот Мустафа Туна изјави дека немало потешки повреди во поплавата.