02 Мај, 2024
0.0340

Поплавите и земјотресите го зголемија осигурувањето во Македонија

Објавено во: Економија 18 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Природните катастрофи кои ја погодија Македонија во изминатиот период придонесле граѓаните да го зголемат бројот на осигурителни полиси, откри Стопанската комора на Република Македонија.

„Сигурно дека има влијание на развој на свеста кај граѓаните дека глобалните климатски промени се присутни и тоа може да влијае кон реализирање на штетни настани и тоа е за жал лоша лекција, но добра лекција за осигурувањето и за развој на свеста дека се зголемува интересот на граѓаните да купуваат имотно осигурување, со вклучен ризик од поплава“, рече Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Минатата година за штети од поплави се исплатени 600.000 евра, а за земјотреси има само осум исплати. За разлика од осигурувањето на имотот, земјоделското осигурување минатата година бележи пад од 3,38 отсто.

„Вкупното намалување се должи на големиот пад на продадени договори во делот на осигурување на добиток или животни и тоа 40 отсто се помалку продадени договори за осигурување или за 78 отсто помалку остварена бруто полисирана премија во однос на претходната година“, додава Попоски.

Својот живот во 2016 го осигурале 13.733 граѓани, а вкупната вредност на животното осигурување е 21 милион евра. Убедливо најголем дел од пазарниот колач отпаѓа на осигурувањето од автоодговорност, а потоа следуваат имотното осигурување и каско осигурувањето на возила. Или вкупно, склучени се речиси еден милион и 300.000 полиси во вкупна вредност од над 140 милиони евра, што е раст од 5,34 отсто.

Извор: alsatm.mk

Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?