03 Мај, 2024
0.0278

Поради мигрантите: Берлин издвои повеќе пари за безбедност

Објавено во: Свет 11 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Германија планира да одвои повеќе пари за безбедност, разузнавање и надворешна помош, изјавија денеска пратеници, цитирани од американските медиуми.

Тоа е реакција на растечките закани за безбедноста и протокот на стотици илјади мигранти во последните години.

Според ДПА дел од парите ќе бидат искористени за создавање до 2020 година на 4300 нови работни места во полицијата и безбедносните сили.

Членовите на парламентарната буџетска комисија исто така се согласија да биде двојно зголемен персоналот на нова агенција, чија цел е да продира во кодирани комуникации. Таа ќе има 120 вработени. 

Дополнителни 1,1 милијарда евра ќе бидат одвоени следната година за хуманитарна помош и програми за справување со причините за миграцијата. Сумата е мала во споредба со 22  милијарди евра, кои Германија очекува да ги потроши за поддршка на стотиците илјади луѓе кои побарале азил во земјата во последната година.

Буџетската комисија се согласи да бидат обезбедени дополнителни 40 милиони евра за програма која има за цел да им помага на луѓето чии барања за азил биле одбиени.

Дневниот весник „Зидојче цајтунг" соопшти дека Федералната разузнавачка служба ќе добие сопствен сателит. Досега таа се потпираше на сателитски податоци од германската армија или од сојузнички разузнавачки служби.


Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина