Добивај вести на Viber
За кратење на пешачките острови на крстосницата меѓу булеварот Партизански одреди и булеварот 8.Септември Градот Скопје ќе одвои 600.000 денари. Како што информираше денеска градоначалникот на Коце Трајановски, граѓаните во општината Карпош се пожалиле на метежот што се создава на крстосницата и на неможноста да се користат сите три ленти од булеварот Партизански одреди, во насока од Карпош кон центарот на градот.
„За да се реши овој проблем со кој граѓаните секојдневно се соочуваат, екипите на Градот Скопје почнаа со кратење на 2 пешачки острови, при што тие ќе се скратат за по 3 метри. Со овој градежен зафат, ќе се овозможи ослободување на третата коловозна лента во насока кон центарот на градот и поголема проточност на возилата по сите три коловозни ленти на булеварот Партизански одреди. Кратењето на сообраќајните острови ќе придонесе пропустната моќ на оваа крстосница да се зголеми за 50 проценти, а со тоа ќе се намали сообраќајниот метеж и позитивно ќе влијаеме врз животната средина. Ваков зафат ќе направиме и на другата страна на оваа раскрсница“, изјави Трајановски.