03 Мај, 2024
0.0249

Порака од протест во Тирана: Албанците треба да земаат земја на Балканот, а не да даваат

Објавено во: Балкан 30 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Протест против договорот за демаркација на косовско-црногорската граница е одржан пред косовската амбасада во Тирана.

Демонстрантите извикуваа дека „Албанците треба да земаат земја на Балканот, а не да даваат“, „Албанските креатори на политиката да се воздржат од предавство“, „Немаме земја за дарување“.

Професори, академици и претставници на граѓанскиот сектор ја повикаа албанската Влада да реагира, а Владата во Приштина да не дозволи да дарува 8.200 хектари земја која му припаѓа на Косово. Членот на Претседателството на Движењето „Самоопределување“, Елвис Хоџа најави дека опозицијата во Приштина нема да дозволи изгласување на Договорот, со кој според него Косово и отстапува на Црна Гора голема површина сопствено земјиште.

Активисти на граѓанскиот сектор апелираа да се обединат за да одржат друг, помасовен протест  против демаркацијата на први септември пред Парламентот во Приштина, кога треба да се одржи седница со единствена точка на дневен ред – демаркацијата на границата со Црна Гора.

Демаркацијата ги разбуди страстите во Косово, по што имаше низа инциденти со фрлање на експлозивни направи.

Насилствата и инцидентите на Косово може да создадат потешкотии во Брисел кога е во прашање визната либерализација, изјави деновиве известителот на ЕП за визен режим со Косово, Тања Фајон пред одлуката на косовскиот парламент за демаркација со Црна Гора.

Црногорскиот претседател, Филип Вујановиќ изјави во неделата во Колашин дека Црна Гора не сака ниту еден сантиметар нечија територија, но дека ќе ја чува својата, како и дека не очекува сериозни инциденти на границата со Косово.

Можеби ќе ве интересира

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија