01 Мај, 2024
0.0254

Поранешен партиски директор прави дар-мар со фотонапонски централи во Македонија

Објавено во: Економија 21 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Поранешниот директор на едно од најголемите градски претпријатија во земјата, ЈП Исар од Штип, Ангел Бојаџиев, сега е дел од раководството на „Соларпро“, бугарската компанија која во Македонија гради сопствени соларни централи, но и такви за самопотрошувачка на други правни лица, а истовремено е и еден од најголемите снабдувачи на електрична енергија во Македонија и продава фотонапонски панели.

Бојаџиев беше директор на ЈП Исар до 2018, до кога градоначалник на Штип беше Илчо Захариев, а од минатата година забележителни стануваат неговите активности со „Соларпро“.

- Јас сум само менаџер за развој во компанијата, но немам дозвола да давам јавни изјави без одобрение од сопственикот од Бугарија, ни изјави поранешниот функционер без да ни одговори на повеќе детали за неговата поврзаност со холдингот и како стапил во контакт со нив.

Бугарската компанија за снабдување опрема за соларна енергија Соларпро лани е избрана од македонската Влада за изградба на фотоволтаична централа со инсталиран капацитет од 50 мегавати на местото на стариот рудник во Осломеј, кичевско. Соларпро ќе игради и ќе управува со соларната централа како дел од јавно-приватно партнерство.


Фото: Фејсбук

Соларпро тогаш објави дека во Македонија очекува да достигне над 80 мегавати инсталиран капацитет за две години и дека ќе снабдува со струја над 450 компании во земјава.

Во 2020 година Соларпро го доби тендерот за изградба на соларна централа од 10 мегавати во селото Манастирец, Македонски Брод. Активностите за краток период тргнаа во голема експанзија, што на тоа му се даде политичка димензија и започна да се зборува дека влезот на Соларпро во Македонија е обид за затоплување на односите со Бугарија.

Инаку, Солапро пошироко е специјализирана за инженерство, инсталација, управување и одржување на фотоволтаични системи. Ланската година објави дека има проект со комбиниран инсталиран капацитет од над 150 мегавати во фаза на изградба и над 500 мегавати проекти во развој.


Фото: Фејсбук

Кога ќе се погледне во портфолиото на „Соларпро“ може да се види дека тоа е високотехнолошка компанија која гради вакви „полиња“ за зелена енергија во повеќе европски земји и дека е прилично добро етаблирана на меѓународниот пазар.

Во периодот од 2016 до 2018 Бојаџиев од МВР доби неколку кривични пријави во врска со неговото работење како директор на ЈП Исар. Во 2018 од Судечкиот совет од Основниот суд во Штип му беше изречена ослободителна пресуда како обвинет за изборен поткуп за време на локалните избори 2017 година. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас