02 Мај, 2024
0.0804

ПОРАСНАЛ ИЗВОЗОТ ОД МАКЕДОНИЈА: Што е со увозот?

Објавено во: Економија 04 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Пораснал извозот во Македонија, покажуваат статистичките податоци. 

Од месец во месец бројките укажуваат на подобрување. 

Според Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од  земјава во периодот јануари-август 2017 година, изнесува 196 628 850 илјади денари и бележи раст од 14% во однос на истиот период лани. 

Вредноста на увезената стока, во периодот  јануари-август 2017 година, изнесува 266 634 168 илјади денари, што е за 9.8% повеќе во споредба со истиот  период од претходната година. 

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2017 година, изнесува 70 005 319 илјади денари.  Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-август 2017, изнесува 73.7%. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно 
согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел) и фероникелот.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.  Во периодот јануари-август 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари- август 2017 година, изнесува 3 191 856 илјади евра. 

Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?