26 Април, 2024
0.0296

Porsche 911 Speedster влегува во производство

Објавено во: Мои пари 10 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Концепт студијата, презентирана по повод 70-тиот роденден на производителот на спортски автомобили Porsche, ќе се произведува како ограничено специјално издание. Точно ќе бидат произведени 1.948 единици Porsche Speedster. Овој број претставува симболично навраќање на годината на производството на првиот Porsche 356 „Number 1“, кој ја доби лиценцата за работа на 8 јуни во 1948 година.

Во Париз, Porsche ја претстави втората генерација на Speedster Concept студијата. Црвената боја на претставеното концепт возило претставува навраќање кон 911 Speedster модел – G генерацијата од 1988 година.

Сонот станува реалност, концептот за 911 Speedster, кој првично беше претставен на 8 јуни 2018 година во Zuffenhausen како верзија на „Heritage“, ќе започне со производство во 2019 година. Автомобилот беше развиен од страна на Porsche Motorsport дивизијата во Вајсах во соработка со Style Porsche и Porsche Exclusive Manufaktur.

Идниот 911 Speedster, базиран на моменталниот  991, ќе биде првиот автомобил што ќе биде понуден со новите пакети за дизајн на „Heritage“. Оваа ексклузивна додатна линија од Porsche Exclusive овозможува уште поголем степен на персонализација за 911.


Екслузивна линија на дополнителна опрема дизајнирана од Porsche Exclusive

Во прилог на привлечната надворешност, 21-инчните фелни претставуваат уште еден визуелен белег на оваа најнова концепт-студија претставена во Париз. Дизајнот на фелните е сличен на оној на тркачките автомобили на Porsche, како што се 911 RSR и GT3 R. Затемнетите дневни светла, исто така, беа инспирирани од тркачките возила. Двете „Талбот“ обликувани странични ретровизори, како и капакот на резервоарот за гориво централно поставен на хаубата, блескаат во црн хром и платина. За разлика од претходно прикажаната верзија „Heritage“, внатрешноста користи перфорирана црна кожа, надградена со црвени детали. Сите делови на возилото, како и целата технологија на 911 Speedster Concept и 911 Speedster кој влегува во производство се идентични.


Главниот адут на специјалното издание

Концептот е основан на 911 Carrera 4 Cabriolet. Предната и задната хауба, како и уште некои дополнителни елементи се направени од лесни композитни јаглеродни влакна, додека шасијата е превземена од 911 GT3. Исто така, одделот за развој на GT го обезбеди издувниот систем со титаниумските цевки и погонскиот мотор, вклучувајќи го и шестестепениот мануелен менувач. Истото важи и за главниот дел на Speedster, а тоа е моторот. Шест цилинтричен, атмосферски мотор кој развива повеќе од 500 КС и при 9.000 вртежи во минута.



Можеби ќе ве интересира

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ