ПОСЛЕДИЦА НА БРЕГЗИТ: Каталонците сакаат нов референдум
Објавено во: Свет 24 Јуни, 2016
Поддржувачите на независна Каталонија сметаат дека Брегзит е добра шанса да се одржи уште еден референдум.
„Додека Шкотска се подготвува за расправа во Брисел за одржување на втор референдум, без страв можеме да кажеме дека дојде време и за нашиот референдум„ - пиша на Твитер претседателот на Каталонското национално собрание, Џорди Санчез.
Каталонскиот претседател, Карл Пуџемон изјави дека во Британија победила демократиja затоа што британскиот народ добил право да гласа.
„По изборите сакаме да чуеме предлог од идната шпанска влада за организирање на референдум во Каталонија. Ќе слушаме предлози, но од референдумот не се откажуваме“- вели тој.
Од Конзервативната народна партија која е на власт во Мадрид велат дека за ова прашање треба да се консултира цела Шпанија, не само Каталонија.
Во Шпанија на 26 јуни се одржуваат парламентарни избори.