06 Мај, 2024
0.0305

Постхумно признание „Креатори за векови“ за Трајче Мукаетов

Објавено во: Мои пари 21 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Бизнис платформата за Средна и Југоисточна Европа „Претприемништво – Перспективи 2050“, постхумно му додели признание „Креатори за векови“ на Трајче Мукаетов, поранешен Генерален директор и еден од креаторите на модерниот „Алкалоид“.

Оваа престижна награда за животно дело се доделува за постигнувања во текот на целокупниот животен век, со цел јавно да се оддаде признание на големите визионери, лидери и креатори на иднината, чиии труд, храброст, знаење, креативност и врвни резултати се темел и главен двигател на напредокот на заедницата и на развојните предизвици кои ги налага новото време.

IMG_6482

Трајче Мукаетов својата кариера ја започнува по дипломирањето на Електротехничкиот факултет во Белград, по штокако дипломиран експерт е назначен за прв директор во организацијата за процеси и информатика при Македонската државна канцеларија за информатика. Работниот стаж го продолжува во „Алкалоид“, каде во 1974 го основа компјутерскиот центар на компанијата. Набрзо, под негово водство, овој центар е прогласен за водечки компјутерски центар во Македонија. Од 1985, Трајче Мукаетов ја извршува функцијата Генерален директор на „Алкалоид АД“ Скопје. Од 33 години во „Алкалоид“, на чело на компанијата е цели 22. Периодот на неговото раководење е обележан со најголемиот инвестициски циклус во компанијата. Како голем стратег и визионер, тој во 1996 го иницира создавањето на нови фармацевтски погони, опремени со нови автоматизирани производни линии и зголемен капацитет на производство.

“Не ми беше најважно да трупам имот и да купувам фирми, туку напротив, најголем предизвик ми беше да го издигнам „Алкалоид“ во современа и успешна компанија, компанија која ќе биде регионален лидер и која ќе продолжи успешно да работи и после моето заминување од челната позиција. „Алкалоид“ е компанија за сите времиња и мора да мислиме и за нашата иднина“, истакна своевремено Трајче Мукаетов.

За секој менаџер, највисок дострел е зад себе да остави здрава и просперитетна компанија. Такво нешто, во вистинска смисла на зборот, направи Трајче Мукаетов. Постхумната награда за животно дело во претприемништвото, претставниците на организацијата „Креатори за векови“ му ја врачија на актуелниот Генерален директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

DB2C8898

Изборот на лауреати се одвива во 5 фази, под водство на независен меѓународен Комитет за доделување награди и признанија „Креатори за векови“, составен од 16 истакнати имиња од областа на економијата, маркетингот и финансискиот сектор, од 10 европски земји. Свеченото прогласување на лауреатите за 2015 година се одвиваше паралелно со одржувањето на Регионалниот самит на претприемачи на Средна и Југоисточна Европа – „300 Најдобри“ во Дубровник, додека пригодната церемонија за постхумно доделување на наградата на Трајче Мукаетов се одржа во Скопје, во присуство на неговите некогашни соработници и семејството.

Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“