Постоело ли предупредување за настанот од Флорида?
Објавено во: Свет 17 Февруари, 2018
Ревизија за настанот на Флорида бара Американскиот федерален обвинител Џеф Сешнс.
Според Сешнс, трагедијата можеби можела да се спречи доколку се внимавало на знаците на предупредување, посочувајќи дека е потребна ревизија на процедурата на Министерството за правда.
ФБИ призна дека пропуштиле да реагираат на дојавата со која биле предупредени дека Николас Круз има „желба за убивање“.
Ревизијата за тоа каде имало пропусти ќе помогне да се увиди грешката и да се намалат вакви трагични настани кои доста често се случуваат во Америка.